Во последните три дена регистрирани нови 614 случаи на Ковид-19, починати 10

Ковид-19

Во последните 3 дена (од 19.08 до 21.08.2022) направени се 1.804 тестови, а регистрирани се 614 нови случаи на ковид-19.

Од вкупниот број на позитивни, 132 се реинфекции.

Регистрирани сe 1.014 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 3 дена (19.08 - 21.08.2022) пријавени се 10 починати лица, од: по 2 починати лица од Охрид (70г и 88г) и Куманово (73г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Велес (80г), Гостивар (81г), Струмица (82г), Пробиштип (76г) и Штип (85г).

Со нов вирус заразени 35 луѓе во источна Кина

Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.143.260 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.120, бројот на оздравени пациенти е 325.645, на починати е 9.450, а бројот на активни случаи изнесува 3.025.