Нови 491 случаи на ковид 19, починале 8 лица

илустрација, пациент со ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на ковид-19: Скопје – 203, Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци – 22, Тетово – 21, Струмица – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Делчево – 11, Гостивар и Штип – по 10, Гевгелија – 9, Крива Паланка – 6, Велес, Струга, Берово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Виница и Богданци – по 3, Пехчево – 2, Кичево, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Ктија – по 1 случај.

Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица, сите во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин се регистрирани 5 починати лица. Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2 140 325 тестирања на ковид 19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.040, бројот на оздравени пациенти е 324 120, на починати е 9 437, а бројот на активни случаи изнесува 3 483.