МНР ја поддржува работата на Историската комисија

Зградата на Министерство за надворешни работи

Министерството за надворешни работи ја охрабрува Комисијата за историски прашања и понатаму да продолжи со својата работа, ослободени од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза, се наведува во соопштението на МНР.

Министерството вчера објави што сработила Комисијата постапувајќи по Протоколот потпишан меѓу Скопје и Софија.

Историската комисија формирана во 2018 досега се договорила да даде препораки за заедничко чествување на пет историски личности (Светите Кирил и Методиј, Светите Климент и Наум и Цар Самоил) и по пет препораки за измени во историските учебници за 5 клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија.

Во соопштението се посочува дека Комисијата и натаму ќе ја има целосната поддршка од Министерството за надворешни работи, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа.