Нападнат познатиот писател Салман Ружди на сцена во Њујорк

Познатиот писател и и добитник на најголемите светски книжевни награди Салман Ружди денеска бил нападнат на сцена на настан во Њујорк непосредно пред да одржи предавање.

Еден човек на сцената бил виден како „удира или го прободува“ писателот јавува новинската агенција Асошиетет прес повикувајќи се на изјава на сведок на нападот. Полиција и брза помош беа повикани во амфитеатарот, но портпаролот на институцијата каде што се одржувал настанот не сакал да потврди детали за инцидентот.

Сведок од публиката изјави за Си-Ен-Ен дека го видел Ружди нападнат на сцената. Сведокот не можеше да потврди што е употребено во нападот, додавајќи дека тој бил на 75 метри од сцената.

Книгата на Ружди „Сатански стихови“ е забранета во Иран бидејќи многу муслимани ја сметаат за богохулна. Една година откако беше објавено во 1988 година, тогашниот ирански водач, ајатолахот Рухолах Хомеини издаде фатва односно јавен повик за убиство со парична награда.

Иранската влада се огради од декретот на Хомеини, но анти-Ружди чувствата се задржаа. Во 2012 година, полуофицијална иранска верска фондација ја зголеми наградата за Ружди од 2,8 милиони на 3,3 милиони долари.

Франција, пророкот Мухамед и холокаустот на Твитер

Ружди помина една деценија под британска заштита откако беше издадена фатва против него. Подоцна објавил мемоари за фатвата.

Шведската институција која ја доделува Нобеловата награда за литература во 2016 година ја осуди фатвата, велејќи дека парите за награда за смртта на Ружди се „флагрантно“ кршење на меѓународното право.