Путин и израелскиот колега разговараа за случајот на еврејската агенција

Израелскиот претседател Исак Херцог

Рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот претседател Исак Херцог вчера телефонски разговараа за заладените односи меѓу нивните земји и за ситуацијата на Еврејската агенција во Русија. Руското Министерство за правда бара распуштање на руската експозитура на агенцијата, која промовира емиграција во Израел, и покрај протестите од Израел. Русија ја обвинува организацијата за кршење на законите на земјата и, според извештаите на медиумите, незаконско собирање лични податоци од руски државјани.

Бенет: Путин се извини за изјавата на Лавров за „еврејското потекло“ на Хитлер

Некои Израелци го сфатија ова како одмазда за критиките на Израел за руската воена кампања во Украина. Случајот против агенцијата треба да се најде на суд на 19 август. Дискусијата беше „отворена и искрена“, соопшти канцеларијата на Херцог кој беше претседател на Еврејската агенција пред да ја преземе функцијата претседател. „Двајцата претседатели ги истакнаа важните области на соработка меѓу Израел и Русија и се согласија да останат во контакт“, соопштија од кабинетот на Херцог.