Управа за извршување на санкции - Затворската полиција не малтретирала член на Левица

Управата за извршување на санкции демантира какво било организирано учество на припадници на затворската полиција во малтретирање на член на политичката партија Левица за време на прославата на државниот празник Илинден во Крушево, соопшти денеска Управата.

Во соопштението се посочува дека Управата за извршување на санкциите со внимание ги проследила објавите на електронските медиуми во кои партијата Левица бара од министерот за правда да го разреши директорот на КПУ „Затвор Скопје“, Филип Андов за наводно ангажирање на припадници на затворската полиција и малтретирање на партиски член на прославата на државниот празник Илинден.

„Припадниците на затворската полиција ги извршуваат своите работни задачи институционално т.е. во казнено-поправните установи каде се вработени и немаат никакви овластувања да постапуваат по ничија наредба надвор од затворскиот систем и поврзано со службените задачи, како и вон работното време“, се наведува во соопштението.

Од Управата за извршување на санкциите, која е орган во состав при Министерството за правда, посочуваат дека доколку некој во приватно својство учествува во таков или сличен настан, не може обвинувањата да се упатат на кој било функционер кој раководи со институцијата и на сите припадници на затворската полиција, како и да се политизира настан кој нема таква позадина.

Од Левица претходно побараа министерот за правда Никола Тупанчевски да го разреши Филип Андонов, поради, како што наведоа, закани и злоупотреби на затворската полиција.

Од партијата наведоа дека членот на нивниот Централен Комитет, Игор смилев, бил еше малтретиран од затворската полиција под директива на директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов.