МААЕ притиска да испрати делегација во украинска нуклеарна централа

нуклеарната централа Запорожје во Украина

Ситуацијата е „нестабилна“ во нуклеарната централа Запорожје во Украина, изјави шефот на меѓународната нуклеарна агенција на ОН додека продолжува со обидите да испрати мисија во централата. Рафаел Гроси, шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), на прес-конференција во седиштето на ОН во Њујорк изјави дека секој принцип на безбедност е прекршен во централата откако руските сили ја презедоа контролата врз неа во март. „Ситуацијата е навистина нестабилна“, рече Гроси, додавајќи дека агенцијата не може да дозволи ова да продолжи.

Како рускиот државен нуклеарен гигант Росатом ги избегна санкциите

Сместена на реката Днепар во југоисточна Украина, нуклеарната централа Запорожје е под руска контрола уште од првите недели од инвазијата на Москва, иако со неа сè уште управува украински персонал. МААЕ со недели се обидуваше да испрати тим за проверка на централата. Гроси рече дека испраќањето делегација „е многу сложена работа бидејќи бара разбирање и соработка на“ Русија и Украина и поддршка од ОН за никлеарката во воената зона.