За три дена нови 1.171 ковид позитивни и тројца починати

Илустрација

Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство информираа дека во периодот од 29.07 до 31.07.2022 година направени се 2.631 тестови, а регистриран е 1.171 нов случај на ковид-19, најмногу во Скопје, Битола и Кавадарци. Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (1.171), регистрирани се 275 реинфекции.

Регистрирани сe и 1.390 оздравени пациенти од ковид-19 во изминативе три дена, а во истиот период пријавени се и 3 починати лица од Скопје, сите во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.118.638 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.180, бројот на оздравени пациенти е 313.833, на починати е 9.373, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 4.974.