Најмалку 19 лица загинаа во поплавите во Апалачија, на истокот на Кентаки во САД.
Тоа е најголемата природна катастрофа во областа во изминатите три децении.
Гувернерот на Кентаки Енги Бешар изјави дека очекува бројот на настрадани да се зголеми и дека се поплавени повеќе стотици домови и фирми.
Американскиот претседател Џо Бајден ги оцени поплавите како „огромна катастрофа“ и нареди федерална помош за локалните спасувачи.
Меѓу настраданите има најмалку шестмина деца, пренесува Би би си.
Научниците велат дека климатските промени ќе предизвикуваат сè поекстремни временски прилики.