Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 190 се реинфекции. Оздравени пациенти се 745 пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77г) во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.06 до 25.07.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.114.405 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 326.154, бројот на оздравени пациенти е 311.760, на починати е 9.368, а бројот на активни случаи изнесува 5.026.