САД праќаат 4,3 милиони долари на Македонија за зајакнување на владеење на правото

Бујар Османи и Карен Донфрид во Вашингтон, Стратешки дијалог, 2 јуни, 2022

Соединетите Американски Држави (САД) ќе и дадат на Македонија 4,3 милиони американски долари во рамки на реализацијата на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, соопшти македонското МНР. Парите се наменети за зајакнување на владеење на правото во земјава.

Стратешкиот дијалог започна на 2 јуни во Вашингтон, меѓу владината делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, од наша страна и делегацијата, предводена од помошникот државен секретар на САД за европски и евро-азиски работи, Карен Донфрид, од американска страна.

Стратешкиот дијалог претставува форум кој обезбедува врамување на билатералните односи и соработката во одбраната, економијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борба против корупција, владеењето на правото, трговијата и други теми од заемен интерес.