Негирани тврдењата на Русија дека нападот во Одеса бил насочен кон украинскиот воен брод

од рускиот напад врз пристаништето во Одеса

Британија соопшти дека „нема индикации“ оти украински воен брод со проектили биле лоцирани во пристаништето на Црното Море во Одеса изминатиот викенд, што е спротивно на тврдењето на Кремљ дека цел на ракетниот напад на 23 јули биле украински брод и воени постројки. Нападот дојде еден ден откако во Истанбул беше постигнат договор меѓу Русија, Украина, Обединетите нации и Турција за извоз на жито со цел да се надмине глобалната криза по скокот во цените на храната поттикнат од војната во Украина.

Украина ќе продолжи да го спроведува договорот за жито и покрај нападот врз Одеса

Украина е еден од најголемите светски извозници на пченица, пченка и сончогледово масло, но руската инвазија врз земјата и нејзината поморска блокада на украинските пристаништа ги запреа пратките. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на 24 јули изјави дека во ракетните напади, биле уништени „воена инфраструктура“ и „патролен брод“ на украинската морнарица. Британското Министерство за одбрана во својот денешен билтен соопшти дека „нема индикации оти такви цели биле на локацијата“. Овој напад предизвика драстично зголемување на цените на пченицата.