Робот му скршил прст на едно момче во шаховска игра

илустрација

Шаховски робот кој играше на Московскиот шаховски опен во минатата недела, очигледно бил вознемирен од брзиот потег на неговиот 7-годишен противник и реагирал така што го фатил прстот на момчето и го скршил. „Роботот му го скрши прстот на детето“, потврди Сергеј Лазарев, претседател на Московската шаховска федерација во коментар за ТАСС, додавајќи. „Ова е секако лошо’. Инцидентот првпат го објави државната новинска агенција РИА Новости. На видеото споделено на Telegram се гледа како роботот отстранува шаховска фигура од таблата. Момчето потоа прави потег и роботот го фаќа прстот на детето со својата механичка рака и се чини дека го закачува на таблата. Неколку возрасни потоа брзаат да го ослободат момчето.

Дали сте за парче пица направена од робот?

Рускиот шаховски велемајстор Сергеј Смагин рече дека детето тргнало на брз потег без да го чека потребното време за машината да ја заврши својата акција. „Момчето е во ред. Му ставиле гипс на прстот за побрзо да заздрави. Да, постојат одредени безбедносни правила и детето, очигледно, ги прекршило и кога направило потег, не забележало дека мора да чека. Ова е исклучително редок случај, прв што можам да се сетам“, рече Смагин. Роботот играше три симултани натпревари против разни противници на турнирот во Москва на 19 јули кога се случи инцидентот. Момчето го заврши турнирот играјќи со прстот во гипс. Лазарев рече дека роботот е изнајмен и дека федерацијата нема никаква врска со тоа. Роботот играше на турнири во минатото без инциденти.