Бугарските претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство се против Декларацијата на бугарското МНР за македонскиот јазик

Илустрација

Бугарските членови на Клубот за бугарско-македонско пријателство не ја прифаќаат Декларацијата на бугарското МНР за македонскиот јазик.

Според нив, ваквата декларација непотребно го усложнува и го попречува процесот на зближување меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и им служи на интересите на субјектите од двете страни на границата, кои конфликтот го претворија во поле за заработка на дивиденди.

„Македонскиот литературен јазик, формиран на дијалекти кои од историски и политички причини останале надвор од процесите на создавањето на бугарскиот литературен јазик, постои најмалку 70 години и има своја сложена судбина. Одамна не е „дијалект на бугарскиот“, бидејќи за разлика од кој било дијалект, тој во целост им служи на сите сфери на јавниот живот, официјално се користи во училиштата, болниците, административните канцеларии, војската и полицијата. во науката и уметноста. На него е создадена своја книжевна традиција, која има свои значајни достигнувања. Македонскиот јазик и македонската литература се изучуваат на голем број од најпрестижните универзитети во светот, од кои корист имаат не само граѓаните на Северна Македонија, туку и влијателната македонска дијаспора. Меѓународните договори се потпишани на македонски јазик, а другите 26 членки на ЕУ имплицитно признаваат дека по евентуалниот прием на Северна Македонија во ЕУ, овој јазик автоматски ќе стане еден од официјалните јазици на Унијата“, се наведува во документот.

МНР појаснува - унилатералната изјава била доставена за да се осигура употребата на македонскиот јазик

Затоа, бугарскиот дел од Клубот за бугарско-македонско пријателство во Бугарија ја смета за непотребна и контрапродуктивна декларацијата на бугарското Министерство за надворешни работи, со која македонскиот јазик „не се признава“.