Евакуација на грчкиот остров Лезбос поради пожар

Илустрација

Жителите беа евакуирани на 23 јули бидејќи шумскиот пожар, кој избувна во планинските шуми на островот Лезбос, ги загрози имотите во одморалиштето Ватера.

Во околината може да се забележи густ чад кој го прошири силниот ветер.

„Се бориме да спасиме домови“, рече градоначалникот на западен Лезбос, Таксиаркис Верос.

Ватера, осум километри долга песочна плажа на југот на Лезбос, е популарна туристичка атракција.

Украинската пченица гори додека се заканува криза со храна

Шумскиот пожар во планините во близина на Атина претходно оваа недела оштети домови и принуди стотици луѓе да избегаат, во она што властите го нарекоа едно од најтешките лета во Средоземното Море.

Минатата година шумските пожари опустошија околу 300.000 хектари шуми и грмушки низ Грција за време на најголемиот топлотен бран во земјата во последните 30 години, пишува Ројтерс.