Полицијата приведе две лица на протестите пред Собранието

Фотографија од протестот пред Собрание за време на седницата за францускиот предлог

Полицијата приведе две лица на денешните протести пред Собранието, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Тие фрлале со камења и тврди предмети кон зградата на Собранието.

Денска напладне пред законодавниот дом почна протестот против францускиот предлог.

Протести - Jајца и тоалетна хартија кон Собранието

Повикот за денешните протести додека претесдателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен држеше говор пред пратениците, стигна од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се противат на овој предлог.


Денешниот протест е единаесетти по ред.

Протестите почнаа на 2 јули, два дена откако ЕУ го достави предлогот до македонските власти.