Нови 494 заразени со ковид 19, нема починати

илустрација

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.365 тестови, а регистрирани се нови 494 случаи со ковид 19 и 276 оздравени пациенти.

Од вкупниот број на позитивни (494), регистрирани се 105 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. И според регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 494 новозаболени од Скопје се 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Кочани – 7, Струга – 6, Штип и Крива Паланка – по 5, Струмица, Неготино и Радовиш – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, Делчево, Берово, Валандово, Виница и Пробиштип – по 2, Кичево и Македонски Брод – по 1 случај.

Досега во земјата се направени вкупно 2.094.710 тестирања на ковид 19. Вкупниот број ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 317 634, бројот на оздравени пациенти е 305 988, на починати е 9.337, а на активни случаи изнесува 2 309.