Косана Мазнева е нов директор на „Комунална хигиена“

Косана Мазнева

Косана Мазнева денеска е назначена за нов директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје.

Како што информираа од Град Скопје, Мазнева има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководител на сектор природа во Министерството за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД Електрани на Северна Македонија.

Високо образование има завршено на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а во два мандати беше пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Мазнева доаѓа на местото на Зуди Енузи од Алијанса за Албанците, кој беше разрешен минатата недела. Градоначалничката Данела Арсовска го разреши Енузи од позицијата вршител на должноста директор на „Комунална хигиена“, по информацијата дека неговиот брат Исуф Енузи - Цуфи Кока пукал до пиштол на плоштадот Скендер Бег за време на протестите против „францускиот предлог“.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На 5 - тиот ден протести – инциденти кај плоштадот Скендер бег

Арсовска призна дека Енузи добро си ја вршел работата, но соопшти дека го менува од етички причини.

Алијанса за Албанците потоа соопшти дека ја прекинува соработката со ВМРО-ДПМНЕ.