Времето денеска - облачно со врнежи од дожд

Macedonia - Autumn in Skopje

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен.

Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер и температурата значително ќе опадне.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а дневните од 18 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 19 степени