Масовен антивладин протест во Тирана

Демонстрантите од опозициската партија ДП во Албанија маршираат низ улиците во Тирана, Албанија, 7 јули 2022 година.

Во Тирана се одржа голем протест против владата на албанскиот премиер Еди. Протестот го организираше делот на Демократската партија предводен од поранешниот премиер Сали Бериша. На протестот беше побарано уривање на владата на Еди Рама, за кого, како што наведе Бериша, бил најголемиот виновник за сиромаштијата и на населението. Бериша изрази задоволство од масовното присуство на граѓани од сите делови на земјата, како и од САД и од други европски земји „кои дошле да протестираат за спас на Албанија“.

Протести во Тирана против Вучиќ и Отворен Балкан

„Албанија е во опасност и треба да ја спасите. Еди Рама – ти си непријател затоа што твојот идеал е власт и само власт, а мојот и на граѓаните е слободата. Никогаш нема да ти простиме што ги ограби државата и граѓаните“, рече Бериша, кој актуелниот премиер Рама го нарече „европски разбојник и вазал на Србија“. Протестот, за чија безбедност беа ангажирани над 1.200 полицајци, како и специјалните полициски единици, мина без инциденти.