Европратениците денеска ќе расправаат дали да стават вето на планот на Европската комисија да вклучи одредени нуклеарни и гасни активности во списокот на еколошки одржливи економски активности. Дебатата ќе се одржи денеска, а гласањето ќе следи утре. Комисијата го усвои Делегираниот акт за таксономија на 9 март 2022 година. Таа предлага вклучување, под одредени услови, на специфични активности за нуклеарна и гасна енергија во списокот на еколошки одржливи економски активности опфатени со таканаречената Таксономија на ЕУ.
Како рускиот државен нуклеарен гигант Росатом ги избегна санкциите
Парламентот и Советот имаат рок до 11 јули 2022 година да одлучат дали ќе стават вето на предлогот на Комисијата. На 14 јуни 2022 година, европратениците во Комитетот за економски и монетарни прашања и Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна усвоија приговор на предлогот на Комисијата. Доколку апсолутното мнозинство во Европскиот парламент (353 европратеници) го стори истото, Комисијата ќе мора да го повлече или измени.