Папата ги демантира гласините за оставка

Папата Франциск во интервју за Ројтерс

Папата Франциско ги отфрли гласините дека планира да поднесе оставка во скоро време и рече дека се надева оти во блиска иднина ќе ги посети Киев и Москва.

Папата во интервјуто за Ројтерс објавено на 4 јули, изјави дека никогаш не му паднало на памет да објави планирано пензионирање на крајот на летото, иако тој повтори дека би можел да се повлече еден ден на начинот на кој почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти тоа го направи во 2013 година.

Папата планираше да ги посети Конго и Јужен Судан оваа недела, но мораше да го откаже патувањето откако лекарите рекоа дека му треба уште терапија за повреденото колено.

Тој вели дека сепак останува да ја посети Канада од 24 до 30 јули и рече дека се надева дека ќе ги посети Русија и Украина некаде потоа.

По овие изјави, Украина ја обнови поканата до папата да ја посети земјата и го повика да продолжи да се моли за украинскиот народ.