Заробени сирени на плажа во Португалија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Климатски активисти од групата ’Бунт против истребувањето’, облечени како сирени заробени во пластика и рибарски мрежи, протестираа на плажа во Лисабон, на првиот ден од Конференцијата на ОН за океаните, која се одржа од 27. јуни до 1. јули во главниот град на Португалија. Со нивниот перформанс сакале визуелно да прикажат во каква состојба се океаните и што нè чека.