Приведен познатиот руски хокеар Федотов поради наводно избегнување на воената служба

Рускиот голман Иван Федотов кој беше прогласен за најкорисен играч на Русија

Познатиот рускиот голман во хокеј на мраз, Иван Федотов, наводно е приведен поради одбивање за служење на воениот рок.

Медиумите денеска објавија дека Федотов, еден од најдобрите руски голмани и репрезентативец на земјата, бил приведен во Санкт Петербург и донесен во градскиот комесаријат.

Весникот „Фонтанка“ и онлајн-журналот „База“ цитираа полициски извори од Санкт Петербург, кои велат дека полициските и воените функционери започнале потера за лоцирање на Федотов на 1 јули на барање на канцеларијата на военото обвинителство, кое го обвини хокејарот на мраз за избегнување на воената служба.

25-годишникот минатиот месец потпиша нов договор со Филаделфија Флаерс од Националната хокеарска лига на САД и планира да го напушти својот руски клуб, Централниот спортски клуб на армијата (ЦСКА), за да може да игра во САД.

ЦСКА е клуб за хокеј на мраз на руската армија и неговите членови официјално се сметаат за воен персонал и затоа раскинувањето на договорите од членовите на тимот може да се смета за незаконско.

Федотов играше во руската Континентална хокеј лига (КХЛ) со ЦСКА Москва во сезоната 2021-22, водејќи го тимот до шампионатот во лигата. Тој беше прогласен за еден од тројцата финалисти за наградата за најдобар голман.

Федотов играше и во олимпискиот тим на Русија во 2022 година на Зимските олимписки игри во Пекинг, освојувајќи сребрен медал како стартен голман.