Венеција ќе воведе такси и регистрација за еднодневни посети

Венеција

Почнувајќи од јануари, Венеција ќе воведе задолжителна резервација и такса за сите посетители кои доаѓаа на еден ден во градот. Новите правила за еднодневните посетители стапуваат на сила на 16 јануари 2023 година, објавија денеска градските власти.

Туристите кои ќе изберат да не преноќат во хотели или други сместувачки капацитети, ќе мора да се пријават онлајн за денот кога планираат да дојдат и да платат такса која ќе се движи од 3 до 10 евра по лице, во зависност од претходна резервација и дали е шпицот на сезоната или градот е преполн.

Прекршителите ризикуваат казни до 300 евра доколку не го сторат тоа, а бидат пресретнати во градот без да можат да дадат доказ дека резервирале и платиле со QR-код.

Приближно четири петтини од сите туристи доаѓаат во Венеција само на ден. Во 2019 година, последната цела година на туризам пред пандемијата, околу 19 милиони дневни патници дошле во посета.

Комесарот за туризам на Венеција ја отфрли секоја сугестија дека мерката ќе се обиде да го ограничи бројот на жители надвор од градот кои доаѓаат во најпосетуваниот град во Италија.

„Нема да зборуваме за намалување на бројот. Зборуваме за стимулации и дестимулации“, рече Симоне Вентурини на прес-конференција во Венеција.

Пристапот за резервација и плаќање беше дискутиран пред неколку години, но беше ставен на чекање за време на пандемијата. Масовниот туризам започна во средината на 1960-тите. Бројот на посетители постојано се зголемуваше, додека бројот на венецијанци кои живеат во градот постојано се намалуваше, преплавени од метеж, високите трошоци за испорака на храна и други стоки во Венеција, без автомобили и со чести поплави кои ги оштетуваат домовите и деловните субјекти.

Бидејќи гостите во хотелите веќе плаќаат данок за сместување, поради што тие се ослободени од обврската за резервација и надомест.

Со новото правило, Венеција има за цел да пронајде рамнотежа меѓу нејзините жители и долгорочните и краткорочните посетители, рече Вентурини, ветувајќи дека новиот систем „ќе биде едноставен за управување со посетителите“.

Резидентното население на Венеција во историскиот град брои нешто повеќе од 50.000, мал дел од она што беше пред неколку генерации.

Исклучоците од таксите за еднодневени патници вклучуваат деца помлади од 6 години, лица со посебни потреби и оние кои поседуваат апартмани за одмор во Венеција, под услов да покажат доказ дека плаќаат даноци на недвижности.