Предлози и змиски острови

САД - Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека Вашингтон во наредните денови ќе објави испраќање на 800 милиони долари (765 милиони евра), дополнителна помош за Украина за оружје и дека НАТО се трансформирал прилагодувајќи се на новата безбедносна ситуација.

ПОЛСКА - Полска соопшти дека ја завршиле изградбата на челичен ѕид што се протега долж границата со Белорусија за да го запре приливот на мигранти.

РУСИЈА - Руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова испрати нота до бугарското Министерство за надворешни работи дека доколку одлуката на бугарската влада за протерување на 70-те руски дипломати не биде поништена до петок до 12 часот, руската амбасада во Софија ќе побара од властите во Москва затворање на руската амбасада во Софија, објави сајтот Епицентар, повикувајќи се на дипломатски извори.

БУГАРИЈА - Бугарскиот претседател Румен Радев утре ќе и го додели првиот мандат за формирање нова влада на најголемата парламентарна партија во земјата „Продолжуваме со промените“.

ПВЕДСКА / ФИНСКА - Шведска и Финска ќе потпишат протокол за пристапување во НАТО во вторник (5-ти јули), рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

МАКЕДОНИЈА - Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири по неколку месеци поминати во притвор во истражниот затвор „Шутка” во Скопје поради здравствени причини заминува во куќен притвор. Одлуката, како што потврдија од Апелацискиот суд Скопје ја донеле денеска. Од судот посочија дека на Зеќири му е одземен пасошот.

МАКЕДОНИЈА / САД - Претседателот Стево Пендаровски имаше кратка средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на НАТО Самитот во Мадрид, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

УКРАИНА - Украина соопшти дека нејзините сили ги принудиле руските војници да го напуштат Змискиот Остров во близина на Одеса во Црното Море, додека Москва тврди дека се повлекле во знак на добра волја, за да покажат дека земјата не го попречува извозот на земјоделски производи од Украина.

ЕУ / МАКЕДОНИЈА - Макрон изјави дека е уверен оти е најден добар договор меѓу Скопје и Софија за деблокирање на почетокот на прегоцорите на Северна Македонија со ЕУ. Владата во Скопје најавува консултации со сите чинители во државата за да се донесе решение согласно стратегиските интереси на земјата и граѓаните