Бројот на загинати во земјотресот во Авганистан се искачи на 1.150

10.000 куќи биле делумно или целосно уништени во земјотресот во Авганистан

Авганистанските талибански власти соопштија дека ги завршиле операциите за пребарување и спасување по земјотресот на 22 јуни што го погоди источниот дел на земјата, а бројот на загинати во најголемата ваква катастрофа во последните две децении се искачи на 1.150 луѓе. Абдул Вахид Рајан, талибански директор на државната новинска агенција Бахтар рече дека најмалку 1.600 луѓе биле повредени. Претходно, Мухамед Насим Хакани, портпарол на талибанското Министерство за управување со катастрофи, изјави за медиумите дека 10.000 куќи биле делумно или целосно уништени во земјотресот во оддалечена област во близина на границата со Пакистан.

ОН: Речиси 2.000 куќи уништени во земјотресот во Авганистан

„Операцијата за пребарување е завршена“, рече Хакани, без да даде објаснување зошто потрагата по преживеани била прекината околу 48 часа по потресот. Земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на околу 160 километри југоисточно од Кабул, во планински регион со мали населби. Најпогодени беа провинциите Пактика и Хост.