Бугарскиот парламент ќе решава за ветото кон С. Македонија?

Парламентот на Бугарија

Бугарскиот парламент, како што вчера изјави премиерот Кирил Петков, би можело денеска да реши да го укине ветото за отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската унија. „Доколку пратениците донесат одлука да одат понатаму, владата ќе може релативно брзо да ја ратификува“, изјави тој во Брисел. Во меѓувреме во бугарската собраниска комисија за надворешни работи е усвоен предлогот на лидерот на владината коалициска партија „Демократска Бугарија“ Христо Иванов со кој се бара бугарската влада во оставка да го одобри таканаречениот „француски предлог“ за решавање на спорот со Северна Македонија, но само доколку се измени за да се исполнат одредени услови.

Бугарската собраниска комисија го поддржа францускиот предлог, но со измени

Ова одлука беше донесена од Комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент со гласовите на пратениците од „Продолжуваме со промената“ , ГЕРБ, МРФ и „Демократска Бугарија“. За овој предлог денеска треба да се изјасни и Народното Собрание, односно, дали ќе ѝ даде мандат на владата во оставка да ја одобри преговарачката рамка за отварање на преговорите на Македонија со ЕУ.

Макрон – Мислам дека сме блиску до договор со Бугарија и Северна Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека се чека конечната одлука на бугарскиот парламент за предлогот со кој ќе се одблокира ветото за пристапни преговори за Северна Македонија со ЕУ . Тој на прес конференција по Самиот на ЕУ во Брисел истакна дека верува дека се блиску до договор за Скопје и Тирана да продолжат напред кон преговори. Бугарија го блокира пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ од ноември 2020 година поради културни и историски спорови. Меѓутоа, во последните денови се појави нов договор: две опозициски партии, меѓу кои и онаа на поранешниот премиер Бојко Борисов, ги преиспитаа своите позиции и се согласија да го укинат ветото под одредени услови.