Мајкрософт: 42 земји кои ѝ помагаат на Украина се цел на руска информативна шпионажа

Мајкрософт - „стратешка шпионажа“ од хакери кои работат за Русија во 42 земји кои ја поддржуваат Украина

Американската информативна компанија Мајкрософт објави дека идентификувала „стратешка шпионажа“ од хакери кои работат за Русија во 42 земји кои ја поддржуваат Украина. „Од почетокот на војната, таргетирањето (сојузникот на Украина) од страна на Русија беше успешно во 29 насто од случаите. Руските разузнавачки служби ја засилија пенетрацијата во мрежата и активностите за шпионажа против земјите кои се сојузници на Украина“, рече претседателот на компанијата Бред Смит. Тој додаде дека при успешни упади, хакерите украле податоци од најмалку 25 насто од нив. Речиси две третини од земјите кои се цел на хакерска шпионажа се членки на НАТО. Главна цел беа САД, а потоа Полска.

Италија спречи сајбер напади од проруски групи за време на Евровизија

Во изминатите два месеци, шпионажата се интензивираше кон Данска, Норвешка, Финска, Шведска и Турција. Мајкрософт наведува дека од почетокот на војната не забележал никакви упади во естонската мрежа. Компанијата тврди дека во некои земји сѐ уште има „значителни слабости во колективната одбрана“. Цел на шпионажа биле 128 организации, од кои половината државни институции, додека 12 насто биле невладини, најчесто тинк тенкови или хуманитарни организации. Останатите цели на шпионажа беа телекомуникациските компании, енергетските и воените компании.

Нов напад на руски хакери врз платформите на социјалните мрежи

Мајкрософт во извештајот вели дека одбранбените системи на Украина како целина „се покажале посилни“ од способностите на Русија и додаде дека една недела пред почетокот на руската инвазија, таа се префрлила од локално складирање податоци на серверите во државните институции на складирање во „облак“ во центрите за складирање податоци низ Европа. „Од почетокот на војната, руските информативни операции успешно го зголемија ширењето на руската пропаганда за 216 насто, од кои 82 насто во САД“, се наведува во извештајот на Мајкрософт.