ИАЕ стравува од прекин на рускиот гас во Европа

Шефот на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол

Шефот на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол изјави денеска дека Русија може целосно да го прекине гасот за Европа бидејќи земјата се обидува да ја зајакне својата политичка потпора во услови на криза во Украина. Според него, Европа треба да се подготви за таквиот развој на настаните.

„Не би исклучувал Русија да продолжи да наоѓа различни прашања овде и таму и да продолжи да наоѓа изговори за дополнително намалување на испораката на гас во Европа, а можеби дури и целосно да ја прекине. Ова е причината поради која на Европа и се потребни планови за вонредни состојби“, рече Бриол додавајќи дека неодамнешното намалување на протокот може да биде обид да се стекне политичка моќ пред зимските месеци со поголема побарувачка.

Европската унија ја санкционираше руската нафта и јаглен поради инвазијата врз Украина, но се воздржа од забраната за увоз на гас, делумно поради нејзината голема зависност од испораките од Москва. Руската инвазија врз Украина започна на 24 февруари.

Русија во минатата недела ги намали испораките на гас за пет земји од Европската унија, вклучително и Германија, најголемата економија во блокот од 27 земји, која во голема мера зависи од гасот на Москва за производство на електрична енергија и енергетската индустрија.