Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за запрениот украински извоз на жито

Украинските власти ја обвинија Русија дека краде резерви на жито од Украина и ги праќа во Русија и други земји.

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска во Луксембург треба да разговараат за начините за ослободување на милиони тони жито заглавени во Украина поради блокадата на нејзините црноморски пристаништа од страна на руските сили. Ова прашање, предизвика загриженост за недостигот на снабдување, особено во Африка и на Блискиот Исток. ЕУ ги поддржува напорите на Обединетите нации да постигнат договор за продолжување на извозот од Украина, еден од најголемите светски добавувачи на пченица. Нејзините пратки со жито се запрени, оставајќи повеќе од 20 милиони тони жито заробени во силоси откако Русија ја нападна земјата и ги блокираше нејзините пристаништа.

Борел: Русија го става светот во опасност од глад


Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли западните обвинувања дека Москва е одговорна за наглото зголемување на цените на житото во светот поради нејзината поморска блокада на пристаништата. Тој минатата недела тврдеше дека Русија е подготвена да гарантира транзит на бродови кои извезуваат украинско жито преку Црното Море и дека Украина има алтернативни копнени патишта, нешто што западните експерти велат дека не е изводливо. Москва претходно побара да се укинат економските санкции врз неа во замена за дозволување извоз на жито. Меѓународните цени на житото се зголемија во услови на застој, а клучните увозници на Блискиот Исток и Африка се соочуваат со недостиг на снабдување.

Стојкоски: Има жито, но недоволно за да се ослободиме од увозната зависност

Турција соопшти дека ќе биде домаќин на состанок со Обединетите нации, Русија и Украина за организирање безбедни коридори за извоз на жито, но нема коментар од Москва. Анкара вели дека е подготвена да преземе улога во „механизмот за набљудување“ со седиште во Истанбул, доколку има договор. Украинските власти ја обвинија Русија дека краде резерви на жито од Украина и ги праќа во Русија и други земји.