Бугарскиот парламент ќе расправа за ребалансот на буџетот

Заседание на Народното собрание на Бугарија На снимката: председателят на парламента Никола Минчев (во средината) и заместник-председателите Росица Кирова и Кристиан Вигенин. (фотографија од датотека)

Во бугарското собрание за денеска е закажана расправа за ребалансот на буџетот која, според некои очекувања, треба да покаже дали ќе преживее и владата на премиерот Кирил Петков. За да се задржи на премиерската позиција по повлекувањето на „Има таков народ“ од владината коалиција на Петков, како што изјави тој, му недостигаат седум пратеници. Тој веќе смета на поддршката на петте пратеници кои завчера ја напуштија пратеничката група на „Има таков народ“ и соопштија дека ќе дејствуваат независно. Петков повика уште седум пратеници да го следат нивниот пример.

Петмина пратеници од бугарската партија ИТН стануваа независни

Петков освен за спас на владата потребни му се и 121 пратеник и за изгласување на 22 предлог-закони без кои Бугарија ќе загуби 12 милијарди евра од европските фондови. Анкетите на јавното мислење во Бугарија покажуваат дека граѓаните се поделени околу одлуката на „Има таков народ“ да ја напушти коалицијата. Триесет и три проценти целосно го одобруваат потегот, 29 проценти сметаат дека е проблематично, а 38 се целосно против, оценувајќи го повлекувањето како уцена и обид за дестабилизација.