Макрон повика на зајакнување на европската одбранбена индустрија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на зајакнување на европската одбранбена индустрија, на денешната меѓународна одбранбена изложба во Париз.

„Да се потрошат многу пари за купување на друго место не е добра идеја. Треба да имаме појака и многу посилна европска одбранбена индустрија“ изјави Макрон во период кога се договара појачување на буџетот за одбраната поради воената криза во Украина.

Макрон е подготвен да ги собере властите на Бугарија и Македонија за да постигнат договор

Тој додаде дека сака повторно да разгледа планот за одвојување од буџетот за одбрана за период 2019 – 2025 година со цел предвидените средства да се прилагоди на „заканите“.

„ Ги замолив министрите и началникот на Генералнштабот во наредниот период да го извршиме повторна проценка на Законот за финансирање на војската во светло на геополитичкиот контекст со кој се соочуваме“, изјави Макрон.

Според него, Франција е влезена во воена економија за која е потребна подолгорочна организација.