Временска прогноза – Облачно и врнежливо

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно, на места нестабилно, со повремен пороен дожд и грмежи, а попладне локално се можни пообилни врнежи и услови за појава на град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. УВ индексот ќе изнесува 6.

Максималната температура ќе достигне од 18 до 28 степени. Во Скопје променливо облачно и нестабилно време со дожд. Температура ќе достигне 24 степени.

Пластичното лоби и (не)успесите во рециклирањето

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови и за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град. Од вторник ќе настапи стабилизација со пораст на дневната температура.