Шмит: Германија наскоро ќе испрати свои војници во мисијата ЕУФОР во БиХ

Командата на ЕУФОР организираше церемонија на претставување на новите војници кои пристигнуваат во БиХ. 11 март 2022 година

Високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит изјави дека Германија наскоро ќе испрати членови на своите вооружени сили во БиХ како дел од мисијата ЕУФОР. „Следната недела ќе биде поднесено барање до Бундестагот, што ќе овозможи германското знаме да се вее во Бутмир“, изјави Шмит по седницата на Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот во БиХ. Германија не учествува во мисијата ЕУФОР од 2012 година, но неодамна беше објавено дека земјата сака да распореди војска за поддршка на стабилноста на БиХ. Пред неколку месеци, ЕУФОР го зголеми бројот на своите војници за 500 и моментално има 1.100 распоредени во БиХ.

ЕУФОР испраќа дополнителни 500 војници во БиХ како мерка на претпазливост

Зголемувањето на ангажманот дојде по руската инвазија на Украина, поради стравувањата дека Русија може да предизвика инциденти и во други земји. Шмит посочи дека на луѓето во БиХ им е потребна безбедност, бидејќи, како што рече, таа е загрозена од воената операција на Русија во Украина, а не се знае како ќе се развива ситуацијата во иднина. „Затоа сега меѓународната заедница не само што е подготвена, туку знае дека мора да даде важен придонес во БиХ за обезбедување безбедност на граѓаните и да каже дека мора и можете да имате иднина во сопствената земја економски и социјално“, изјави тој.

Шмит донесе одлука за финансирање на изборите во Босна и Херцеговина

Коментирајќи ги реакциите за наметнатата одлука за финансирање на изборите што ја донел претходно, Шмит истакна дека меѓународната заедница ќе продолжи да ги користи инструментите со кои располага.