Поддршка од САД за брзо пристапување на Македонија во ЕУ

Македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи и државиот секретар на САД Ентони Блинкен

Државиот секретар Ентони Блинкен за време на средбата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи ја истакнал американската поддршка за брзо пристапување на Северна Македонија во ЕУ, истакна портпарлот на Стејт департментот Нед Прајс.

Како што се наведува во денешното соопштение од Стејт департментот, средбата го одбележала стратешкиот дијалог САД-Северна Македонија, зацврстувајќи ги билатералните врски кога европскиот континент е соочен со конфликт.

„Лидерите ја нотираа нивната силна соработка во НАТО и партнерството за подготовка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023,“ истакна Прајс.


Тој додаде дека Блинкен му се заблагодарил на Османи за цврстата поддршка на Северна Макдеонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина кога таа е изложена на агресија од страна на Русија.

„Секретарот ја истакна американската поддршка за брзо пристапување на Северна Македонија во ЕУ и нејзина регионална економска интеграција, и ја истакна важноста од лидерството за унапредувањето на политичките и економските реформи на Западен Балкан“, рече Прајс.