Ракети, јахти, голови...

УКРАИНА - Русија во моментов окупира околу 20 отсто од територијата на Украина, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното видео-обраќање пред парламентот на Луксембург.

САД / РУСИЈА - Соединетите Држави воведоа нови санкции насочени против јахтите поврзани со рускиот претседател Владимир Путин, птотив посредикот за јахтите и неколкумина владини функционери со цел да ја казни Русија за нејзината инвазија на Украина.

БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Копретседателот на партијата Демократска Бугарија, која е дел од бугарската владејачка коалиција, Атанас Атанасов, изјави дека за тоа дали ќе биде тргнато ветото на Бугарија за Северна Македонија ќе одлучува Народното собрание.

УКРАИНА - Во Северодоњецк, украинските сили продолжија да пружаат силен отпор и покрај фактот што Русите го контролираа поголемиот дел од овој клучен град Донбас со помош на масовно и неселективно артилериско бомбардирање.

СРБИЈА - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ низјави дека ситуацијата околу најавената посета на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на Белград станува се покомплицирана. Некои медиуми објавија информација дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров треба да ја посети Србија на 7 јуни, но се уште нема официјална потврда.

МАКЕДОНИЈА / САД - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, го отворија Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Држави, кој денес се одржува во просториите на Стејт департментот во Вашингтон.

МАКЕДОНИЈА - Собраниската Комисија за избори и именувања попладнево го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за судија на Уставниот суд. По гласањето по предлогот, претседателката на Комисијата Марија Георгиевска ја прекина седницата, а нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.

БУГАРИЈА - Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека лично не го видел планот на Франција за посредување за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

ЕУ / ХРВАТСКА - Новата словенечка министерка за надворешни работи Тања Фајон ја повтори поддршката за влезот на Хрватска во Шенген, како и заложбата за влез на земјите од Западен Балкан во Европската унија, откако ќе ги исполнат условите.

МАКЕДОНИЈА / БУГАРИЈА - Фудбалската репрезентација на Македонија со реми на гостувањето во Бугарија го започна настапот во Лигата на нации. Фудбалерите одиграа 1:1 против Бугарија во Разград во натпревар во кој беа подобар тим на теренот на „Хуверфарма Арена“. Во финишот имаа и среќа, бидејќи судијата Пињар ја промени одлуката и не досуди пенал за домашната селекција.