Иранскиот риал слабее, продолжуваат протестите поради економската криза

Илустративна фотографија - ирански риали.

Иранската валута, риалот, продолжи да слабее откако се зголемија немирите во земјата поради лошата економија погодена од ефектите од санкциите на САД воведени за нуклеарната програма на Техеран.

Вредноста на еден американски долар денеска порасна на дури 315.000 риали, во споредба со минатиот месец кога изнесуваше 281.500 риали, според девизниот сајт „Bonbast.com.“

Задушувањето на санкциите на САД заедно со лошото управување на владата доведе до зголемена инфлација, висока невработеност кај младите и зголемена сиромаштија, додека администрацијата на неодамна избраниот претседател Ебрахим Раиси се бори да ја запре економската криза.

Поради вртоглавиот раст на цените и слободниот пад на риалот во последниве години, куповната моќ на Иранците забрзано се намали и на многумина им се избришани заштедите во земјата со повеќе од 80 милиони жители.

Економските превирања предизвикаа протести на улиците во многу ирански градови. Безбедносните сили уапсија демонстранти, а официјалните лица ги минимизираа немирите, иако Раиси рече дека треба да се донесат „тешки одлуки“ за платите и цените во јавниот сектор, дури и ако луѓето не се согласуваат.