Врховен суд ја потврди пресудата за „Рекет“, Јанева и Боки 13 остануваат во затвор

Бојан Јовановски - Боки 13 и Катица Јанева во судница за „Рекет“

Врховниот суд ги одби жалбите на осудените Бојан Јовановски шоумен и неформален сопственик на 1ТВ познат во јавноста како Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за пресудата во предметот „Рекет“. Осудените поднеле до Врховниот суд барања за за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, со што се потврдува донесената пресуда. Ова е трета инстанца која одлучуваше по овој предмет, по Кривичниот суд и Апелација, а сите донесоа идентична одлука.

Обвинителство чека од Боки 13 нови информации

Обвинетите Јанева и Јовановски сметаа дека има суштествени повреди во постапката поради кои бараа предметот да се врати на повторно судење. Случајот Рекет се однесуваше на злоупотреба на влијание и изнуда и перење пари.

Јовановски е осуден во предметот Рекет на 9 години затвор, а поранешната специјална обвинителка Јанева на 7 годишна затворска казна. Третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за предметот и беше осуден на 3 години затвор.

Отворени прашања за случајот Кичеец

Јанева и Јовановски беа спроведени во затворот Идризово на 23 јуни 2021 година на издржување на затворската казна, откако Апелациониот суд ги одби жалбите на обвинетите во случајот Рекет и на Јавниот обвинител и ја потврди провостепената пресуда во целост