Грција го укина носењето маски во затворените простори

Илустрација

Грчкиот министер за здравство Танос Плеврис денеска информираше дека задолжителната маска во затворените простори во земјата од утре се укинува, а исклучок се болниците, домовите за стари лица и јавниот градски превоз. Одлуката, според него, ќе важи до 15 септември 2022 година.

Маската повеќе нема да биде задолжителна за затворените простори, како што се супермаркетите и продавниците, но и за авионите и за превозните средства со нумерирани седишта, односно возовите и меѓуградските автобуси.

Маската е последната мерка против ширењето на коронавирусот што важеше во Грција, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања. Во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука за протоколите за бродовите и траектите.