Пронајдени 14 тела по авионската несреќа во Непал

ИЛустративна фотографија

Пронајдени се остатоците од авионот кој неодамна исчезна во планините на Непал, соопштија надлежните. Авионот превезувал 22 патника и членови на екипаж. До сега пронајдени се само 14 тела, а потрагата по останатите и натаму трае.

Надлежните велат дека временските услови се многу лоши и дека на терен е само една екипа, а тоа е првата која пристигнала вчера. Според надлежните поради лошите временски услови и недостапноста на локацијата не можаат да се донесат повеќе спасувачи на терен со хеликоптери.

Тројца загинати во пад на хеликоптер во Германија

Авионот кој е во сопственост на компанијата „Тера Аир“ летал на редовната 20 минутна рута од градот Похар кој се наоѓа на 200 километри западно од Катманду до планиснкиот град Џомсом.

Авионот изгубил контакт со контролната кула во близина на областа каде што требал да слета, регион со длабоки речни клисури и високи планински врвови.