Руси, Американци, НЛО...

САД - Претставници на Пентагон на сослушувањето во Конгресот не открија дополнителни информации од нивната тековна истрага за стотици необјаснети феномени на небото. Но, тие наведоа дека нова работна група ќе ги координира напорите за собирање податоци за евентулани случаи на НЛО.

ЕУ - Еврокомесарот Дидие Рејндерс кој го заменуваше Оливер Вархеји во Европскиот Парламент денеска повика преговорите со Северна Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство на 30 јуни.

УКРАИНА - Украина ја одбележа 78-годишнината од депортирањето на Кримските Татари од Крим од времето на лидерот на Советскиот сојуз, Јозеф Сталин. 18 мај е датумот што Украина официјално го одбележува како Ден на комеморација на жртвите од геноцидот на Кримските Татари.

ФРАНЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Премиерот Димитар Ковачевски со францускиот претседател Емануел Макрон за време на нивниот телефонски разговор се согласиле дека нема време за губење и потенцирале дека натамошното одложување на почетокот на преговорите за членство на С.Македонија во ЕУ може да има сериозни регионални последици и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот, соопшти денеска владината прес-служба.

ЕУ - Конференција за Западен Балкан со лидерите од регионот и од ЕУ ќе се одржи на 23 јуни во Брисел, јави МИА. Франција која во моментов претседава со ЕУ од самиот почеток најавуваше дека ќе организира посебен настан со шесте земји од регионот

РУСИЈА - Русија најави протерување на десетици француски и италијански дипломати како „одмазднички“ потег за нивните слични дејствија, како дел од координираната европска акција поради руската кампања во Украина.