Русија- Советот на балтички земји е инструмент за антируска политика

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес конфенција на Совет на балтички држави во Калинин град.

Русија го напушти Советот на балтичките држави, обвинувајќи ја организацијата дека станува „инструмент за антируската политика“ и дека „сè повеќе се заглавува во русофобија и лаги“.

Руското Министерство за надворешни работи во соопштение на 17 мај соопшти дека ја напушта регионалната групација која ги вклучува и Данска, Естонија, Финска, Германија, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Полска, Шведска и Европската унија поради тензиите со Западот по нејзината неиспровоцирана инвазија врз Украина.

Шведска го потпиша барањето за прием во НАТО

До оваа ијава дојде на само неколку часа откако германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговата земја ќе ја интензивира својата воена соработка со Шведска која денеска го потпиша и барањето за членство во НАТО по руската агресија врз Украина.

Како жителите на источна Финска реагираат на кандидатурата за НАТО

Минатиот месец Русија го напушти Советот на Европа под закана за протерување, откако нејзиното членство беше суспендирано поради војната на Москва во Украина.