83 ковид инфекции, нема починати во изминатите 24 часа

Илустративна фотографија.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 83 нови случаи на коронавирус, од кои 13 реинфекции, а нема пријавени починати лица во тој период. Направени биле 1.430 тестови, информира Министерството за здравство. Истовремено, оздравени се 79 пацеинти.

Согласно регистарот Мој термин, се пријавени 2 починати лица во период од 28 април до 15 мај, од кои едно во домашни услови и едно лице во болнички услови

Од 83 новозаразени, во Скопје се 45, во Битола 8,, Ресен 4, Куманово и Гостивар по 3...

Епидемијата на Ковид-19 започна пред повеќе од две години кога многу држави во светот воведоа рестриктивни мерки поради брзото ширење на инфекциите.

Во Македонија оттогаш, според официјалните податоци, се заразија над 310 илјади луѓе, а досега се регистрирани 9.291 смртен случај.

Во моментов има 533 активни случаи, според Министерството за здравство.

Првите вакцини во земјава стигнаа во февруари 2021 година, а оттогаш околу 40 проценти од населението е целосно вакцинирано со најмалку две дози од вакцините против Ковид-19.