Членството на Шведска во НАТО ќе ја засили безбедноста на балтичкиот регион

Приклучувањето на Шведска како земја членка на НАТО ќе има стабилизирачки ефект и ќе биде од корист за сите држави на Балтичкото море, изјави денеска шведската министерка за надворешни работи Ен Линде. До оваа изјава дојде на само еден ден откако соседна Финска се обврза да поднесе барање за пристапување во алијансата.

„Шведското членство во НАТО ќе го подигне прагот за воени конфликти и со тоа ќе има ефект на спречување конфликти во северна Европа“, рече Линде на новинарите додека ја презентираше парламентарната оценка за безбедноста.

Финска ќе аплицира за членство во НАТО без одлагање

Руската инвазија на Украина ги принуди Шведска и Финска да ги преиспитаат своите безбедносни аранжмани откако останаа неутрални во повоената ера.

Кремљ- Членство на Финска во НАТО би претставувало закана за Русија

Собранискиот безбедносен преглед на сите партии заклучи дека Шведска ќе биде поранлива на напади ако е единствената нордиска и балтичка земја што остане надвор од НАТО, иако додаде дека Русија би можела да возврати ако Стокхолм поднесе барање за членство во алијансата.

„Ако Шведска одлучи да бара членство во НАТО, постои ризик од реакција од Русија.Дозволете ми да наведам дека, во таков случај, ние сме подготвени да се справиме со каков било контра-одговор“, рече министерот за одбрана Питер Хултквист.

Русија: ќе преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска да влезе во НАТО

Финска, која дели 1.340 километри граница и турбулентно минато со Русија, на 12 мај рече дека мора да поднесе барање за приклучување кон воената алијанса на НАТО „без одлагање“.

Се очекува Шведска да го следи водството на Финска и би можела да поднесе барање за членство во НАТО веќе на 16 мај.