Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан го посети Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски го прими поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан.

Претседателот Стево Пендаровски го прими поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан. Тема на разговор на средбата била актуелната ситуација со решавањето на статусот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и надминувањето на црковниот спор, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот изрази честитки за признавањето на каноничноста на нашата црква од страна на Вселенската Патријаршија, со што се отвора просторот за градење на духовно единство со православниот свет и го оцени чинот како признание за нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија.

Дали МПЦ-ОА и СПЦ сега се блиску до решение на повеќе-деценискиот спор

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан го информираше претседателот Пендаровски за наредните чекори во процесот на целосно заокружување на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, за што и двајцата соговорници се согласија дека е од врвен национален интерес, стои во соопштението на Кабинетот на Пендаровски.