Московскиот суд нареди апсење во отсуство на Александр Невзоров, еден од најпознатите руски телевизиски новинари и критичар на Кремљ, во време на репресија против неизтомислениците што се интензивираше откако Русија ја започна својата неиспровоцирана инвазија на Украина пред повеќе од два месеци.
Московскиот окружен суд денеска нареди Невзоров да виде ставен во двомесечен притвор доколку се врати во Русија.
Невзоров, за кој се верува дека е во Израел, ги отфрли обвинувањата против него.
Неговото име се појави во регистарот на барани лица на руското Министерство за внатрешни работи на 4 мај. Според Министерството, поранешниот пратеник е осомничен за „дистрибуција на лажни информации за руските вооружени сили“.
Истражниот комитет на 22 март соопшти дека покренал истрага против Невзоров поради изјавите што ги дал на Инстаграм и Јутјуб во кои се критикувале вооружените сили за напад на дом за стари лица во украинскиот град Мариупол.
Многу цивили загинаа во нападот, кој Невзоров го нарече намерно гранатирање од страна на руските сили. Кремљ негираше дека мета биле цивили.
На почетокот на март, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се дава можност за изрекување долги затворски казни за „намерно ширење лажни информации“ за руските воени операции додека Кремљ се обидува да го контролира наративот за неговата војна во Украина.
Законот предвидува казни до 10 години затвор за лица осудени за овој прекршок, додека казната за дистрибуција на „намерно лажни информации“ за руската армија што довеле до „сериозни последици“ е 15 години затвор.
Русија овој закон го усвои осум дена по инвазијата на Украина на 24 февруари.