Киев: контраофанзива на Украина против Русија најрано на крајот на јуни

Олексиј Арестович

Украинската армија нема да биде подготвена да започне голема воена контраофанзива против Русија пред крајот на јуни, изјави Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој додаде дека ќе биде потребно време оружјето донирано од нејзините западни сојузници да пристигне во Украина, а потоа да се обучат војниците да го користат, пренесува Би-би-си.

Холандија проценува дали ќе испраќа дополнително оружје во Украина

„Украина не може да започне офанзива против Русија додека нема доволно оружје за целосно да вооружи барем неколку бригади“, рече Арестович, додавајќи: „Првото оружје што може да го запре непријателот ќе пристигне во големи количини кон крајот на мај или во почетокот на јуни“. Во следните недели и месеци Украина треба да добие нова воена помош од западните сојузници, меѓу кои и Велика Британија, која неодамна изјави дека ќе донира оклопни возила, беспилотни летала и противтенковско оружје за Киев.