Фиџи заплени јахта од 300 милиони долари поврзана со рускиот олигарх Керимов

Властите на Фиџи запленија голема јахта во руска сопственост по американска потерница како дел од санкциите воведени од Вашингтон кон Москва поради нејзината неиспровоцирана инвазија на Украина. Заплената доаѓа два дена откако Судот соопшти дека ја дал наредбата за запленување на јахтата именувана како „Амадеа“ вредна 300 милиони долари, за која американските власти велат дека е во сопственост на рускиот олигарх Сулејман Керимов.

„Оваа одлука треба да покаже дека нема место за криење на имотот на поединци кои ги прекршуваат законите на САД. И нема скривалиште за имотот на криминалците кои го овозможуваат владеењето на рускиот режим“, рече американскиот државен обвинител Мерик Гарланд.

„Одделот за правда ќе биде немилосрден во нашите напори да ги повикаме на одговорност оние кои ја олеснуваат смртта и уништувањето на кое сме сведоци во Украина“, додаде тој.

Империјата на Керимов е изградена главно врз основа на искористување на огромните природни ресурси на Русија. Тој напредуваше за време на четиригодишното претседателствување на Дмитриј Медведев, со што неговата фирма „Уралкали“ има во своја контрола на 40 отсто од глобалниот пазар вреден 20 милијарди долари.

Бродот беше запленет од полицијата пред три недели по пристигнувањето во земјата на Тихиот Океан од Мексико.

Британија го замрзна имотот на соработниците на Роман Абрамович

Локалните медиуми на Фиџи објавија дека адвокатите на регистрираниот сопственик на 107-метарската јахта, Мајлмарин Инвестмент, негирале дека е во крајна сопственост на Керимов. Наместо тоа, тие пред судот рекоа дека е во сопственост на друг руски олигарх, Едуард Кудаинатов, поранешен претседател на нафтениот гигант Роснефт, кој не е санкциониран од САД.

Нов обид на ЕУ за договор за забраната на руската нафта

Руската инвазија на Украина на 24 февруари и војната што потоа следеше, предизвика неколку рунди санкции од Соединетите Американски Држави, Европската Унија и многу други сојузнички земји против Русија, претседателот Владимир Путин и многу од компаниите и милијардери олигарси околу него.