Првата дама на САД се среќава со украински бегалци во Романија и Словачка

Првата дама на Соединетите Држави, Џил Бајден

Џил Бајден, сопругата на американскиот претседател Џо Бајден, е во посета на Романија и Словачка од 5-ти до 9-ти мај за да се сретне со претставници на американската влада и дипломати во мисијата, украински бегалци, како и хуманитарни работници и наставници, соопшти нејзиниот кабинет.

Членките на НАТО Романија и Словачка примија стотици илјади украински бегалци кои избегаа од руската инвазија на земјата.

Посетата на првата дама доаѓа откако Нанси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом, го посети Киев во текот на викендот кога се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По пат, Џил Бајден ќе ги посети членовите на американската дипломатска мисија во Романија на 6-ти мај, пред да замине за Букурешт, каде што ќе се сретне со членовите на романската влада, персоналот на американската амбасада и наставниците кои работат со украинските деца бегалци на 7 мај.

Патувањето ќе опфати и посета на словачкиот главен град Братислава, каде Бајден ќе се сретне со американски дипломати во земјата.

Речиси 5,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Повеќе од три милиони избегаа во Полска, додека Романија доби 817.000, а Словачка речиси 372.000 до 29-ти април. Американскиот претседател Џо Бајден предложи пакет помош од 33 милијарди долари за Украина.